Дома Македонски спорт Се сеќавате кога Камерун со Ето гостуваше во Скопје? (ВИДЕО)

Се сеќавате кога Камерун со Ето гостуваше во Скопје? (ВИДЕО)

Се сеќавате на гостувањето на Камеурн во Скопје?

Репрезентацијата на Камерун предводена од Самуел Ето гостуваше во Скопје на 9. февруари 2011 година. Тој натпревар беше од пријателски карактер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За Македонија во овој натпревар после пет месеци се врати капитенот Горан Пандев. Натпреварот привлекуваше и внимание затоа што Ето и Пандев во овој натпревар влегуваа како соиграчи од Интер. Селектор на нашата репрезентација беше Мирсад Јонуз.

Јонуз во овој натпревар се одлучи за следните 11:

Нурединовски, Тородовски, Новрски, Митрески, Лазаревски, Шумоликовски, Тасевски, Демири, Пандев, Наумоски и Тричковски. Во игра од клупата за резерви настапија: Ристиќ на местото на Пандев, Шиков на местото на Новески, Мојсов место Митрески и Богатинов во финишот на голот замени Нурединовски.

Од друга страна селекторот на Камерун, Клементе истрча со: Асенмбе, Ангива, Басонг, Нколу, Бонг, Матип, Еног, Мбија, Ето, Бедимо и Вебо.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 75 минута кога по центаршутот на Нгуемо, Мбута од непосредна близина со глава го совлада Нурединовски. Мбута во игра влезе во второто полувреме на местото на Вебо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…