Дома Трансфер зона Преговорите во застој: Рамос го напушта Реал Мадрид

Преговорите во застој: Рамос го напушта Реал Мадрид

Дефанзивецот и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос се уште не го обновил договорот со „кралскиот“ клуб, а преговорите се во застој.

Имено, Реал му нуди договор на само една сезона, а Рамос во неколку наврати го отфрли тој предлог на „кралевите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постои правило во Реал Мадрид, на играчи на возраст над 32 години, да им се нудат само договори за една сезона и клубот нема намера да направи преседан со Рамос, колку и да е вреден тој за клубот.

Рамос има договор до 2021 година и годишно заработува 12 милиони евра, па следното лето ќе биде слободен агент. Искусниот стопер наполни 34 години и не сака да ја намали својата плата, притоа бара договор на 3 години, а тоа во моментов е неприфатливо за раководството на Реал.

ПСЖ внимателно ја следи ситуацијата и е спремен да му понуди на Рамос богат 4-годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…