Дома Топ вести Кутињо ги одбил Интер и ПСЖ, сака да се врати на Островот

Кутињо ги одбил Интер и ПСЖ, сака да се врати на Островот

Бразилскиот плејмејкер, Филипе Кутињо се надева дека ова лето ќе може да се врати во Премиер лигата, пренесува „Мундо Депортиво“.

27-годишниот Бразилец е во сопственот на Барселона, но игра како позајмен фудбалер во Баерн Минхен. Веќе стана јасно дека Баварците нема да го откупат неговиот договор на крајот на сезоната, па многу европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Наводно Кутињо веќе ги одбил понудите на Пари Сент Жермен и Интер бидејќи неговата цел е од следната сезона да игра повторно во Премиер лигата.

Кутињо фудбалската афирмација ја доживеа во Англија каде блескаше во дресот на Ливерпул од 2013 до 2017 година, а потоа се пресели во Барселона за 160 милиони евра.

Барселона е спремна да го продаде Бразилецот за 100 милиони евра, а најсилен интерес за него покажуваат Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алонсо од лето го презема Реал Мадрид

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…