Дома Трансфер зона Арсенал испрати понуда за Смолинг

Арсенал испрати понуда за Смолинг

Арсенал испратил понуда до Манчестер Јунајтед за потписот на Смолинг, пренесуваат медиумите на Островот.

30-годишниот дефанзивец во моментов игра во Рома како позајмен фудбалер и игра одлично оваа сезона. „Волчицата“ прави се од себе за да го откупи неговиот договор, но се чини дека имаат сериозна конкуренција за неговиот потпис.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тотенхем и Евертон покажаа интерес за Смолинг, а Арсенал веќе ги презеде првите чекори и испрати официјална понуда до Манчестер Јунајтед.

„Топџиите“ се спремни да платат 25 милиони фунти за потписот на Смолинг, сума која ќе ги задоволи апетитите на „црвените ѓаволи“.

Микел Артета сака да ја засили одбраната за следната сезона, и смета дека Смолиг со своето искуство и квалитет ќе биде столб на одбраната на „топџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…