Дома Фудбал Ноер: Нормално е фудбалерите да ги намалат платите!

Ноер: Нормално е фудбалерите да ги намалат платите!

Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Ноер истакна дека во ваква ситуација со која се соочува целиот свет, нормално е фудбалерите да ги намалат своите плати.

Кризата го зафати и фудбалот, клубовите бележат огромни загуби, па една од мерките е намалување на платата на фудбалерите.

„Ние фудбалерите имаме привилегија да добиваме големи плати и нормално е ни се намалат платите во ваква ситуација. Тоа е неопходно. Баерн има околу 1000 врабитени кои исто така вршат важни задачи. Сакаме со намалување на нашите плати да им дадеме сигурност дека ќе ја зачуваат работата“, истакна Ноер.

Раководството на Баерн предложи платите на фудбалерите да бидат намалени за 20% за време на кризата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паладино го надмудри Милан: Влегувањето на Модриќ ни отвори простор за пресврт

Болоња со 4:2 го освои „Сан Сиро“, а Рафаеле Паладино објасни зошто промените во играта на…