Еден од најдобрите играчи на Милан во последните години, Џакомо Бонавентура нема да стави потпис на нов договор и на лето ќе го напушти „Сан Сиро“.
Договорот на Бонавентура истекува на крајот на сезоната, Милан започна преговори за продолжување на соработката, но неговиот менаџер потврди дека нема да има нов договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Бонавентура нема да потпише нов договор. Освен ако не се случат некои сензационални промени, тој ќе го напушти клубот ова лето“, изјави Енцо Раиола.
Бонавентура е дел од Милан од 2014 година кога пристигна од Аталанта за 7 милиони евра. Во изминатите години кај сите тренери беше клучна фигура во тимот, а и оваа сезона игра важна улога кај Пиоли.
30-годишниот Италијанец минатата сезона ја пропушти поради повреда на коленото, но оваа сезона полека влегува во препознатливата форма, а најсилен интерес за него покажуваат Наполи и Лацио.