Фудбалерот на Аталанта Папу Гомез остро ги критикуваше луѓето кои се однесуваат неодоговрно кога во прашање е пандемијата со коронавирусот.
Италија стана најзагрозена држава во светот, а Бергамо е едно од најголемите жаришта. Поради тоа владата воведе ригорозни мерки во голем број градови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Порака до сите спортисти или лажни спортисти кои сакаат да излезат надвор и да тренираат – останете дома! Што ви е на вас, што имате во главата? Доста, доста, доста! Секое утро се будиме со ужасни вести, луѓето умираат, а вас како да ви е гајле за тоа. Седете дома, толку ли е тешко!? Никој не треба да излегува!“, порача аргентинскиот напаѓач.
Само во последните два дена како последица од коронавирусот во Италија животот го изгубија 850 луѓе.