Пред неколку недели Пари Сент Жермен и официјално стапил во контакт со Јувентус за да ја испита можноста за трасфер на Пауло Дибала, пренесуваат француските медиуми.
Меѓутоа, Јувентус категирично ја отфрлил можноста за продажба на Дибала, иако Аргентинецот минатото лето беше ставен на трансфер листа.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо подолго време се обидува да го донесе Дибала. Минатото лето го сакаше Аргентинецот како замена за Нејмар, но Бразилецот остана во Париз.
Дибала минатото лето беше на излезна врата, преговараше со Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но сега работите се променија и Аргентинецот наскоро ќе потпише нов договор.
Mercato – PSG : Un contrat colossal offert à Paulo Dybala ? https://t.co/cYgIpuZ1PX pic.twitter.com/yBbHSuNemS
— le10sport (@le10sport) March 18, 2020