Дома Топ вести Барса продава две ѕвезди за да го купи Нејмар

Барса продава две ѕвезди за да го купи Нејмар

Барселона е спремна на лето да направи големи промени во тимот, неколку ѕвезди ќе си заминат за да биде наполнет буџетот на Каталонците.

Главни приоритети на Барселона  на лето ќе биде доведување на Нејмар и Лаутаро Мартинез, а за таа цел клубот е спремен да потроши повеќе од 250 милиони евра.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона е спремна да го стави француското дуо, Дембеле – Умтити на продажба.

Умтити има договор со Барса до 2023 година, но во последните две сезони се мачи со повреди и не е во добра форма, па клубот реши да го стави на трансфер пазарот. Најсилен интерес за него покажува Манчестер Јунајтед, а дефанзивецот ќе биде достапен за сума помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Иста е ситуацијата и со Дембеле, требаше да биде големо засилување, но честите повреди го спречија неговиот развој.

Барселона се надева дека со продажбата на овие двајца фудбалери ќе собере дел од парите потребни за Нејмар и Лаутаро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Одреден датумот на кој ќе се игра финалето на Светското клупско првенство, фудбалерите веќе критикуваат

Финалето на Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи на стадионот „Меклајф“ …