Германскиот селектор, Јоаким Лев даде свој коментар на ситуацијата со коронавирусот во светот.
Лев во својата кариера дал многу изјави, но оваа веројатно е една од оние кои му привлекуваат најголемо внимание. Тој објасни зошто на светот му случил коронавируост и порача дека можеби сето ова и сите заедно сме го заслужиле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во последните неколку дена длабоко размислував. Ми изгледа како светот да доживува колективна катарза. Имам чувство дека природата се спротистави на човечкото однесување бидејќи начинот на кој живеевме и работевме во последните години беше неодржлив. Бевме свртени кон парите, силата, моќта и што поголемиот профит. Воопшто не се интересиравме за гладот во светот, приордните катастрофи. Сега сме соочени со нешто кое не погодува сите, конечно сфативме што всушност е важно во животот“, изјави Лев.
Исто така Лев додаде и дека одлуката да се одложи Европското првенство е потполно исправна бидејќи здравјето на луѓето е најважно.