Дома Фудбал УЕФА бара 300 милиони евра за да го одложи ЕП

УЕФА бара 300 милиони евра за да го одложи ЕП

УЕФА ќе побара 300 милиони евра од клубовите и националните лиги поради преместувањето на Европското првенство за следната година.

Поради пандемијата со коронавирусот извесно е дека УЕФА ќе го одложи ЕУРО 2020. Европската куќа на фудбалот ќе им го остави летниот период на Сојузите за да ги завршат националните шампиони.

Во Нион пресметале дека доколку го одложат ЕП за наредното лето ќе бидат во минус 300 милиони евра.

Желбата на многу европски Федерации е ЕП да биде одложено за да може да се доиграат националните првенства. УЕФА е подготвена да им излезе во пресрет, но за одложување на Европското првенство бара 300 милиони евра, ова се трошоците за континенталниот собир да се игра следната година наместо од јуни до јули. Европската куќа на фудбалот сака оваа сума да биде покриена од клубовите, првенствата и федерациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…