Дома Фудбал Останато Канаваро раскажува како Кинезите го победиле вирусот: Ако проверат и не сте дома ве депортираат во истата секунда!

Канаваро раскажува како Кинезите го победиле вирусот: Ако проверат и не сте дома ве депортираат во истата секунда!

Фабио Канаваро пред три дена се врати во Кина во пресрет на стартот на сезоната кој е предвиден да започне во оваа земја по кризата со коронавирусот.

Канаваро како тренер на Гвангжу бил сместен во 14 дневен карантин од кинеските власти кои и понатаму внимаваат со вирусот иако пред неколку дена објавија победа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кога вирусот се појави во Кина, многумина им се смееја. Сега Кинезите ја победа оваа пандемија затоа што ги следеа препораките на надлежните. Заеднички го победија вирусот, беа во своите домови и не го потценија. Сите треба да го правите тоа, не е ништо тешко само останете дома, така се спречува ширењето на вирусот. Моите деца и сопруга се во Неапол, како и моите родители. За највозрасните вирусот е најопасен“.

„Во Кина во секој момент можеше полиција да ви дојде дома и ако не ве најде ве депортираат во истата секунда. По периодот за карантин ви прават прегледи. Тука вирусот е победен, меѓутоа претпазливи се затоа што не сакаат да им се повтори“, објасни Канаваро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фламенго: Винисиус, те чекаме кога ќе ти заврши договорот

Шансите Винисиус Жуниор да остане во Реал Мадрид по летото 2027 година се минимални. Впеча…