Дома Фудбал Италија Уште три случаи на коронавирус во Фиорентина!

Уште три случаи на коронавирус во Фиорентина!

Коронавирусот и понатаму се шири, како во светот така и во фудбалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од час во час пристигнуваат информации за нови случаи на позитивни на овој вирус, посебно во Италија.

Фиорентина вчера потврди дека позитивен на коронавирус е младиот Душан Влаховиќ, а денес потврдија уште три случаи. Позитивни на коронавирус се играчите Патрик Кутроне, Герман Пазела и физиотерапевтот Стефано Даинеле.

„Фиорентина соопштува дека после одредени симптоми Патрик Кутроне, Герман Пазела и физиотерапевтот Стефано Даинели се тестирани на коронавирусот и нивните тестови се позитивни. Сите се во добра состојба во нивните домови“, стои во соопштението.

Ќе потсетиме како Фиорентина погодена и Сампдорија која има пет позитивни фудбалери позитивни на коронавирусот и докторот на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Моќна Шпанија ја прегази Франција и ја заврши ерата „Дешан“

Шпанија ќе игра во финале на светско првенство за втор пат во својата историја. „Црвената …