На денешен ден пред шест години Македонија остана без еден од најголемите во нашата фудбалска историја, Петар Милошевски.
ФФМ денес објави текст во знак на сеќавање на Милошевски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ни беше чест што го познававме и соработувавме со Петар, а непотребно е воопшто да набројуваме со што го задолжи македонскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија.
Има ли смисла да набројуваме што сѐ постигна Петар како фудбалер и како фудбалски работник? Нема, бидејќи пораките кои пристигнуваа и денеска од сите страни најдобро говорат каква трага остави во македонскиот, но и во европскиот фудбал.
Има ли смисла да опишуваме каков човек беше? Нема, бидејќи тагата која и денеска ја чувствуваме сите не е случајна. Петар не беше само фудбалер или директор на репрезентација, неговата фигура беше татковска. Знаевте дека ќе биде со вас, без оглед дали е ваш соиграч, или ваш претпоставен.
Повеќе од било какви зборови овде, му должиме на Петар продолжувајќи го патот кој тој го зацрта. Да се грижиме да луѓето, за фудбалерите, за федерацијата, за македонскиот фудбал.
Од него најдобро можевме да научиме како се прави тоа“.