Реал Мадрид нема намера да ја прифати понудата на Борусија Дортмунд за продолжување на позајмицата на дефанзивецот Ашраф Хакими, пренесуваат шпанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според договорот Хакими се пресели во Дортмунд на двегодишна позајмица која истекува на лето. Германскиот клуб сака да го задржи десниот бек уште една година, но Зидан сака да го врати во своите редови 21-годишниот Мароканец.
Хакими блеска во дресот на „милионерите“ и оваа сезона настапи на 36 меча на кои постигна 7 гола и запиша 10 асистенции.
Тој е најефективниот десен бек во Европа заедно со Александер Арнолд од Ливерпул, па јасно е зошто Зидан го сака во својот тим.