Дома Топ вести „Ел Класико“ за големиот талент на Челзи

„Ел Класико“ за големиот талент на Челзи

Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона испратија скаути денес на на „Стенфорд Бриџ“ за мечот помеѓу Челзи и Евертон, пренесуваат медиумите на Островот.

Медиумите откриваат дека шпанските гиганти веќе извесно време го следат талентот на Челзи Били Гилмор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


18-годишниот играч за врска се почесто добива шанса за настап од Френк Лампард оваа сезона и покажа дека станува збор за исклучителен талент.

Гилмор се пресели во Челзи од Глазгов Ренџерс во 2017 година, игра за младиот тим, а оваа сезона запиша седум настапи за првиот тим на „сините“.

Барселона веќе подолго време ги следи неговите настапи, а сега во трката за неговииот потпис се вклучи и Реал Мадрид.

Шпанските ривали ќе се обидат на лето да го „украдат“ Гилмор од Челзи, но тоа ќе биде тешко бидеќи „сините“ веќе спремија нов договор за својот „бисер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…