Еден од најискустните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ постигна договор и ќе остане на „Олд Трафорд“ уште две години.
31-годишниот играч за врска на почетокот не добиваше минутажа кај Солскјер, но во последно време се избори за место во стартниот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матиќ беше на излезна врата од „Олд Трафорд“ во јануари и се очекуваше сигурно да замине на крајот на сезоната, но се сличи пресврт на целата ситуација.
Солскјер потврди дека е постигнат договор и дека Србинот ќе остане во Манчестер Јунајтед уште две години.
Се договоривме за нов договор со Матиќ, тој ќе остане со сигурност“, потврди Норвежанецот.
Матиќ е еден од најискусните фудбалери на Јунајтед, па има големо влијание како на теренот, така и во соблекувалната.