Дома Топ вести Жешко лето во ПСЖ: Заминува Нејмар, доаѓаат три големи ѕвезди

Жешко лето во ПСЖ: Заминува Нејмар, доаѓаат три големи ѕвезди

Раководството на Пари Сент Жермен веќе има идеја како да го замени Нејмар, доколку Бразилецот замине од клубот.

Минатото лето Нејмар сакаше да се врати во Барселона, но двата клуба не можеа да се договорат околу обештетувањето, но Бразилецот не се откажува од идејата да се врати на „Камп Ноу“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


ПСЖ за неговиот потпис сигурно ќе добие околу 200 милиони евра, а со таа сума ќе финансира три големи трансфери.

Францускиот клуб ќе се обиде да ја привлече sвездата на Јувентус, Пауло Дибала. Аргентинецот има добра сезона со „бјанконерите“, а според „Ле10Спорт“, тој е избран да го замени Нејмар.

Другата голема трансфер цел е Калиду Кулибали од Наполи, кој треба да биде замена за капитенот Тиаго Силва.

Француските медиуми тврдат дека „светците“ ова лето ќе се обидат да го донесат и Нголо Канте, кој се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…