Дома Фудбал Солскјер потврди: Погба се враќа следната недела

Солскјер потврди: Погба се враќа следната недела

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба следната недела ќе се врати на терените, потврди менаџерот Оле Гунер Солскјер.

26-годишниот Французин започна со тренинзи, но сигурнп ќе го пропушти големото градско дерби против Манчестер Сити на 8 март. Сепак, најверојатен датум за играчот да се врати на теренот е 15 март, за натпреварот од 30-то коло против Тотенхем.

„Погба се уште работи на физичката припрема. Нема да почне да тренира со тимот до почетокот на следната недела. После тоа, кога ќе ја врати кондицијата ќе биде спремен за игра“, потврди Солскјер.

Оваа сезона Погба запиша само 7 настапи во Премиер лигата во кои оствари две асистенции, а причина за тоа беше повредата на глуждот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…