Миласкиот гигант Интер во последно време работи одлично со привлекувањето на слободни агенти, а тоа може да продолжи и ова лето.
Имено, Интер му предложил договор на дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген, чиј договор со „спарси“ истекува на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нема најави дека Белгиецот ќе го продолжи договорот со Тотенхем и најверојатно ќе го промени клубот како слободен агент.
Интер веќе доставил понуда до неговиот агент и моментално „нероаѕурите“ важат како фаворити за неговиот потпис.
Оваа сезона Вертонген одигра 24 меча за „спарси“ на кои постигна 1 гола и запиша 1 асистенција.