ФИФА има намера да го казни Јувентус поради трансферот на Пол Погба минатото лето во Манчестер Јунајтед, пишува „L`equipe“.
Куќата на фудбалот ќе го казни Јуве со парична казна од 60,000 евра поради нелегалниот договор помеѓу шампионот на Италија и конторверзниот агент, Мино Раиола во врска со трансферот на неговиот клиент Пол Погба од Манчестер Јунајтед 2016. година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Старата дама“ со Раиола потпиша договор на агентот да му припаднат 18 милиони евра, фиксно од почетната цена во износ од 90 милиони евра. Понатаму во договорот пишувало дека за секој дополнителни пет милиони, Холанѓанецот добива три милиони.
Конечната бројка на трансферот изнесувала 105 милиони евра, што значи Раиола на продажбата на Погба заработил 27 милиони.
Според истражителите на ФИФА овој систем претставува еден вид косопственост на трето лице, а тоа е забрането во мај 2015. година, па под истрага сега се Јувентус и Раиола.