Дома Фудбал Италија Интер потврди, Мозес е повреден

Интер потврди, Мозес е повреден

Миленикот на Конте уште од времето на Челси, Виктор Мозес оваа зима пристигна во Интер.

Мосез одигра седум натпревари во дресот на Нероаѕурите, но сега ќе мора да паузира.

Нигериецот беше прегледан и беше заклучено дека неговата повреда сепак е потешка, па во наредните денови 29-годишниот фудбалер мора да помине дополнителни детални прегледи.

Сепак, иако тежината на повредата се уште не е утврдена, се чини дека нема да биде во екипата за дуелот против Наполи во Купот на Италија, кој треба да се одигра во четврток.

„Виктор Мозес беше на преглед на магнетна резонанца, каде му беше прегледан левиот бут. Прегледите открија повреда на мускулот, а во наредните денови ќе биде позната сериозноста на неговата повреда.“- соопштија од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи со нови сили против Виљареал во ЛШ

Наполи со засилено средиште ќе се соочи со Виљареал во Лигата на шампионите, каде што Гилм…