Тимот на Интер е прилично активен во зимскиот преоден рок, а еден од фудбалерите кои потпишаа со „нероаѕурите“ е Виктор Мозес.
Мозес во Интер дојде како позајмен фудбалер, додека Интер на лето ќе има можност да го откупи неговиот договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во последната година Мозес исто така позајмен играч го носеше дресот на Фенербахче. Во објавата на социјалните мрежи по трансферот во Интер Мозес истакна големо задоволство што ќе игра за тим каков што е Интер.
„Можноста да играм во клуб со голема историја беше нешто кое почуствував дека морам да го прифатам, едвај чекам да им се приклучам на новите соиграчи. Сакам да се заблагодарам на сите во клубот и фановите кои ми приредија одлично добредојде, ќе дадам се од себе за да помогнам да ги исполниме целите на клубот. Истака сакам да им се заблагодарам на навивачите на Фенербахче и моите поранешни соиграчи. Навивачите беа неверојатни, имавме одличен однос, беше убаво да се игра во Инстанбул, прекрасно искуство. Фенербахче секогаш ќе посебно место за мене“, напиша Мозес.