Дома Фудбал Останато Погба го предводеше Јунајтед до трофејот и ја доби наградата за најдобар играч во Лига Европа

Погба го предводеше Јунајтед до трофејот и ја доби наградата за најдобар играч во Лига Европа

Манчестер Јунајтед го победи Ајакс со 2:0 во финалето во Лига Европа, а првиот погодок на мечот го постигна Пол Погба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличниот Французин го предводеше својот тим до победа во овој натпревар, а благодарение на неговиот гол Манчестер Јунајтед можеше да игра опуштено во останатиот дел од натпреварот.

Спроед порталот „WhoScored“ кој се бави со анализи и статистички податоци, Пол Погба е прогласен за најдобар играч во Лига Европа оваа сезона. Пол Погба имаше просечна оценка од 7.75 и така е прогласен за најдобар играч во Лига Европа. Постигна три гола, имаше 22 клучни додавања, 38 успешни дриблинзи и пет пати беше прогласен за играч на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инцидент на Мундијалот за време на минутата молк за жртвите во земјотресот (Видео)

За време на минутата тишина на Светското првенство, навивачите на Шпанија и Уругвај предиз…