Дома Останати Вајлдер: Не знам зошто беше фрлен пешкирот, бев спремен да се борам до крај

Вајлдер: Не знам зошто беше фрлен пешкирот, бев спремен да се борам до крај

Фантастичниот Тајсон Фјури со технички нокаут во седмата рунда го победи Деонтај Вајлдер и ја освои светската титула во ВБВ категоријата.

Фјури доминираше од првата секунда, а судијата ја прекина борбата откако од аголот на рингот на Вајлдер долета пешкирот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вајлдер остана без титулата која успешно ја одбрани девет пати во кариерата, а за Фјури ова е прва титула после 2015 година кога сензационално го сруши Владмир Кличко.

„Не знам зошто беше фрлен пешкирот, бев спремен да се борам до крај. Но, немам што да замерам. Подобриот борец победи. Не се чувствував најдобро пред борбата, имав проблеми, но тоа сега нема врска. Фјури ја искористи приликата и тоа е тоа“, изјави Вајлдер после борбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…