Дома Македонски спорт Нема крај на егзодусот во Вардар: Си оди и Гебдан!

Нема крај на егзодусот во Вардар: Си оди и Гебдан!

Не престануваат шоковите и езгодусот во Вардар. Откако пред половина часа беше потврдно заминувањето на Даинис Криштопанс сега пристинува нова вест – си оди и Калифа Гебдан!

Гебдан не си оди како Криштопанс веднаш, тој се договорил со Адемар Леон да пристигне во нивните редови на лето. Засега деталите од договорот не се објавени.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, јасно станува дека проблем е финансиската состојба во клубот која е далеку од добра.

Гебдан во Вардар дојде на почетокто на минатата сезона.

На крајот од сезоната е потврдено и заминувањето на Данил Шишкарев кој оди во Веспрем, додека се најавува и заминување на Павел Атман кој како и Криштопанс може и веднаш да си замине. Дисингер пак пред неколку дена изјави дека само чудо може да го задржи во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…