Дома Фудбал Адуриз: На сите ни се смачи од Барселона и Реал

Адуриз: На сите ни се смачи од Барселона и Реал

После долго време во полуфиналето од шпанскиот куп нема да играат Реал или Барселона. Двата најголеми шпански клуб испаднаа во четвртфиналето, Барселона беше елиминирана од Билбао додека Сосиедад ги елиминираше „кралевите“.

За да се случи вакво нешто придонесе тоа што оваа сезона управата на шпанскиот фудбал направи промени и одлучи во полуфиналето да се игра еден натпревар место два како што беше случај претходно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетик Билбао, Арик Адуриз е среќен што во завршницата ги нема Реал или Барселона.

„На сите ни се смачи од Реал и Барселона, тие се освојуваат па убаво е да видиме промени. Сега се е изедначено. Пред сезоната се надеавав дека можеме да го освоиме купот, сепак се уште е тешко. Сите сонуваме за успех и ќе се бориме“, изјави Адуриз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…