Дома Топ вести Де Брујн не размислува за напуштање на Сити

Де Брујн не размислува за напуштање на Сити

Белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујн не размислува да го напушти Манчестер Сити, иако за него силен интерес покажуваат Реал Мадрид и Барселона.

Во интервју за англиските медиуми тој истакна дека се чувствува одлично во Сити и сака да остане до крајот на договорот кој истекува во 2023 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Се чувствувам одлично во Манчестер Сити. Најмногу време играв за овој клуб, со исклучок на Генк. Сепак, јас бев и во младинските формации, што е сосема поинаку. Во Сити ми е добро затоа што сум среќен. Играм за еден од најдобрите тимови во светот и јас сум дел од најсилното првенство во светот. Моето семејство веќе се прилагоди на животот во Англија и моите деца се среќни, што е многу важно“, истакна Де Брујн.

Де Брујн не крие дека целта на неговиот тим оваа сезона е да го освои најпрестижниот трофеј односно да триумфира во Лигата на шампиони.

„Ако сакате да го освоите овој трофеј, треба да го победите најсилниот во Европа. Затоа сме професионални фудбалери. Сите ние сакаме да играме за трофејот во Лигата на шампионите“, додаде Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…