Веќе подолго време се шпекулира со заминување на Герет Бел од Реал Мадрид, а сега на таа тема повторно се огласи и агентот на Велшанецот.
Бејл во секој преоден рок е во центарот на вниманието, а овој јануари англиските медиуми шпекулираа дека Велшанецот е блиску до враќање во Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега се огласи агентот, Барнет кој ги разреши сите дилеми и откри до кога Бејл ќе остане во Реал Мадрид.
„Тој ќе биде во Реал најмалку уште две години, па нема потреба за грижи поради тоа. Мислам дека тоа е грижа на другите луѓе. Сметам дека Зидан и Бејл имаат одлична врска во моментов и се е во ред“, изјави Барнет.
Бејл во Реал заработува 17,5 милиони евра по сезона, плата што никој друг клуб не е спремен да му ја даде.
Велшанецот е на мета на критики на навивачите на Реал Мадрид, па ваквата изјава на агентот сигурно додатно ќе ги разлути.