Дома Трансфер зона Заборавениот Џузепе Роси пред потпис со клуб од Серија А

Заборавениот Џузепе Роси пред потпис со клуб од Серија А

Џузепе Роси сигурно е еден од најнесреќните фудбалери во светот. Во текот на својата кариера Роси неколку пати ги кинеше лигаментите на коленото.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Своевремено Роси важеше за голема надеж на италијанскиот фудбал, но поради проблемите со повреди никогаш до крај не успеа да го исполни својот потенцијал. Веќе година ипол тој е без клуб.

Последниот ангажман го имаше во Џенова, без клуб е од летото 2018 година. Сега на потрагата на Роси по нов клуб конечно може да дојде крајот.

„Кориере дело Спорт“ објави дека 33 годишниот фудбалер е блиску до потпис со СПАЛ, тим кој има проблем со реализацијата меѓутоа во јануари не доведоа напаѓач.

Најдобрите денови Роси ги помина во Фиорентина и Виљареал, а своевремено беше член и на Манчестер Јунајтед. Во кариерата настапуваше уште за Парма, Селта и Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…