Првото „Ел Класико“ во сезоната беше одложено поради политичката напнатост во Шпанија (пред се во Каталонија), натпреварот се одигра на 18. декември на „Ноу Камп“.
Овој натпревар на големите шпански ривали заврши без победник со резултат 0:0, а сега се ближи второто лигашко „Ел Класико“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес официјално е потврден датумот и времето за натпреварот помеѓу Реал и Барса на „Бернабеу“.
Реал и Барселона силите ќе ги одмерат во рамките од 26. коло од Ла Лига. Натпреварот е закажан за 1. март 2020 година во 21:00 часот.
Тоа ќе биде последен натпревар од 26. коло во Ла Лига.