Дома Останати Ракомет Шишкарев: Морав да ја прифатам понудата на Веспрем, иднината на Вардар е неизвесна

Шишкарев: Морав да ја прифатам понудата на Веспрем, иднината на Вардар е неизвесна

Веспрем пред неколку дена објави дека потпиша договор со Данил Шишкарев.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шишкарев ќе го напушти Вардар после шест години. Причината поради која си заминува е неизвесната иднина на клубот.

„Не ми беше лесно да донесам одлука. Навикнат сум на Скопје и Вардар, моето семејство се навикна на Македонија. Кога клубот е во ваква истуација со неизвесна иднина, невозможно беше да ја одбијам понудата на Веспрем. Ќе повторам, одлука беше многу тешка“, изјави Шишкарев.

Шишкарев имал и други понуди, но на крајот го избрал Веспрем. Во унгарскиот тим тој оди во позната средина затоа што ќе се сретне со поранешните соиграчи: Дејан Манасков, Рожерио Мораеш, Арпад Штербик, Вуко Борозан, Хорхе Македа и тренерот Давид Дејвис кој исто така беше дел од Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Во Охрид немаат дилеми, утре одат по европска титула!

ГРК Охрид е на чекор до историски успех и освојување на европски трофеј. Во недела од 20 ч…