Дома Трансфер зона Официјално: Арсенал конечно го претстави новиот стопер

Официјално: Арсенал конечно го претстави новиот стопер

Потрагата по стопер во зимскиот преоден рок за Арсенал е заршена. Изборот падна на шпанскиот стопер Пабло Мари од редовите на Фламенго кој денес и официјално беше претставен.

Пабло Мари пред неколку дена пристигна во Лондон на лекарски прегледи, но поради проблеми во преговорите помеѓу Арсенал и Фламенго, тој мораше да се врати во Бразил.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, на крајот беше договорена шестмесечна позајмица со право на откуп следното лето.

Мари како голем талент дојде во Манчестер Сити од Гимнастик истото лето кога Артета беше назначен за помошник на Гвардиола. Во Сити не доби шанса и беше испраќан на позајмиц во Жирона, НАЦ Бреда и Депортиво Ла Коруња. Минатото лето направи трансфер во Фламенго за 1.3 милиони евра како желба на Жорж Жесус и стана еден од клучните играчи на бразилскиот тим во освојуваше на Копа Либератадорес и бразилската Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…