„Foot-Mercato“ соопшти дека искусниот напаѓач Едисон Кавани донел одлука да потпише за Атлетико Мадрид откако одбил неколу понуди од Премиер лигата.
Кавани наводно е многу блиску до Атлетико Мадрид, според последните информации „јорганџиите“ треба да договорат само уште некои детали. Споменатиот медиум објави дека Уругваецот се поздравил со играчите на ПСЖ и им соопштил дека се сели во Атлетико.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Шпански „АС“ тврди дека постои можност Кавани во наредните неколку часа официјално да стане играч на Атлетико.
Наводно, Атлетико за Кавани ќе плати сума од 15 милиони евра.