Дома Фудбал Останато Халанд во 2020 година постигнал повеќе голови од цел Манчестер Јунајтед

Халанд во 2020 година постигнал повеќе голови од цел Манчестер Јунајтед

Младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд ги воодушеви сите со своите први настапи во дресот на Борусија Дортмунд.

Халанд на почетокот на јануари потпиша за Борусија Дортмунд откако дојде од Салзбург. Норвежанецот играше одлично во дресот на австрискиот тим и поради тоа Дортмунд експресно реагираше и го доведе во своите редови. Неговото доаѓање во Борусија на почетокот изгледа како полн погодок.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Норвежанецот на своето деби против Аугусбург во игра влезе кон средината на првото полувреме и успеа да постигне хет-трик. Халанд и вчера не беше во првиот состав, но откако се појави на теренот повторно одигра маестрално.

Дортмунд го победи Келн со 5:1, а Халанд постигна два гола откако влезе од клупата за резерви. Неверојатно звучи податокот дека овој 19 годишен напаѓач во 2020 година постигна повеќе голови од Манчестер Јунајтед.

Играчите на Манчестер Јунајтед постигнаа четири гола за 360 минути во 2020 година, додека Халанд постигна пет за 59 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн има страшен старт на сезоната – девет победи на девет меча!

Баерн Минхен ја започна сезоната на фантастичен начин – со максимален ефект во сите …