Италијанските медиуми потврдија дека Јувентус и Барселона договорија трампа на двајца млади фудбалери.
Имено, Алехандро Маркес ќе стане нов член на „старата дама“, додека на „Камп Ноу“ ќе се пресели младиот Матеус Переира.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус го повлече 21-годишниот Бразилец од Дижон, па сега ќе го испрати во Барселона, а за возврат ќе го добие талентираниот Маркес.
Станува збор за двајца млади и талентирани фудбалери на кои им се предвидува одлична кариера.
Покрај за размената на млади фудбалери, двата клуба разговараа и за трампа помеѓу Ракитиќ и Бернардески, но таа нема да се оствари бидејќи Барселона одбила да доплати 10 милиони евра за Италијанецот.