Реал Мадрид наскоро во своите редови ќе доведе и четврти млад Бразилец.
Нов член на „кралевите“ ќе стане 19 годишниот Бразилец, Линколн. Реал Мадрид наводно постигнал договор со Фламенго.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Линколн ќе биде четвртиот Бразилец кој пристигнува на „Бернабеу“. Претходно пристигнаа Винисус Жуниор, Рордриго и неодамна соиграчот на Линколн од Фламенго, Реинер.
Нешто слично како и во трансферот на Реинер, Реал Мадрид ќе издвои околу 30 милиони евра. Останува да видиме како овој квартет млади Бразилци ќе се снајде во Реал.
Нема сомневање дека станува збор за големи таленти, времето ќе покаже како ќе се развиваат.