Дома Трансфер зона Постигнат договор: Артета го добива првото засилување

Постигнат договор: Артета го добива првото засилување

Според медиумите од Островот, Левин Курзава од ПСЖ треба да биде првото засилување на Артета.

Киран Тирни е надвор од теренот уште пред три месеци, додека Колашинац често има некои ситни повреди и Артета смета дека му е потребен уште еден лев бек.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


27-годишниот Курзава ќе биде слободен агент на крајот на сезоната и сега има право да преговара со заинтересираните клубови. Француските медиуми тврдат дека постигнал комплетен договор со „топџиите“.

Сега останува да се види дали клубовите ќе се договорат за Курзава веднаш да се пресели на „Емирати“ или ќе пристигне во јуни како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…