Бразилецот Роналдињо важи за вистински волшебник на оваа игра. На денешен ден во 2001 година тој потпиша договор со ПСЖ, а по тој повод откри кој е најдобриот тренер со кој работел.
Легендата на бразилскиот фудбал нема дилеми, за него тоа е Франк Рајкард.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тој е одличен тренер, многу мирен човек. Франк Рајкард е најдобриот тренер со кој сум работел. Знаеше се, бидејќи играше на највисоко ниво, а тоа многу ни ги олеснуваше работите. Се што Рајкард бараше од нас, тој претходно го правеше на теренот, па лесно ни објаснуваше што очекува од нас“, изјави Бразилецот.
Легендарниот напаѓач кај холандскиот стратег имаше максимална слобода на теренот.
„Кога топката не беше во нас моравме да ги исполнуваме обврските, но кога беше во мој посед, Франк ми дозволи да имам апсолутна слобода“, изјави Роналдињо кој со Рајкард соработуваше од 2003 до 2008 година.