Германскиот шампион Баерн Минхен склопи мега договор со „Ауди“.
Како што и се очекуваше, Баерн ја продолжи соработката со автомобилската компанија на уште четири години. Новиот договор со произведувачот на автмобили ќе има важност до 2029 година, што значи дека отпаѓа можноста за соработка со БМВ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според медиуми во Германија Баерн од ова спонзорство ќе добие 60 милиони евра, претходно договорот беше на 40 милиони евра, ова на крајот на Баерн ќе му донесе околу 600 милиони евра.
„За Баерн овој договор е важен стратешки чекор за во иднината“, изјави директорот на клубот Карл-Хајнц Румениге.
„Ауди“ е партнер на клубот веќе 17 години, Наводно БМВ бил спремен да плати 800 милиони евра, меѓутоа во Баерн намале доверба.