Дома Трансфер зона Милан го продава Пјонтек, но под два услови

Милан го продава Пјонтек, но под два услови

Криштоф Пјонтек минатата сезона беше вистинска сензација во Серија А, но оваа сезона се вклопи во „сивилото“ на Милан.

Полскиот напаѓач игра слабо оваа сезона, а после доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ сигурно неговата минутажа драстично ќе се намали.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Поради тоа Милан е спремен да го продаде, но сака да ја врати инвестицијата од минатиот јануари кога за неговиот потпис плати 35 милиони евра.

Милан го известил агентот на напаѓачот дека слободно може да бара нов клуб, но под два услови. „Росонерите“ не прифаќаат позајмица и за слободата на Пјонтек бараат 35 милиони евра.

Најсилен интерес за Полјакот покажуваат Тотенхем и Астон Вила, но се уште немаат испратено официјална понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…