Дома Трансфер зона Официјално: Баерн си обезбеди ново засилување!

Официјално: Баерн си обезбеди ново засилување!

Баерн Минхен денес потврди дека потпишал договор со младиот голман Александер Нубел.

Нубел во овој момент е играч на Шалке, но не сакаше да го продолжи договорот кој му истекуваше на крајот на сезоната.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Утрово Баерн официјално потврди дека Нубел е нивни нов член и на тимот ќе му се приклучи на крајот на сезоната како слободен играч. Нубел со Баерн потпиша договор на пет години и се очекува во наредната сезона да му биде конкуренција на Мануел Ноер.

Јасно е дека со овој потег Баерн се подготвува за промена на голманската позиција. Мануел Ноер е во преговори со Баерн за продолжување на соработката, но засега преговорите не одат баш најдобро.

Нубел е производ на школата на Падерборн во Шалке пристигна летото 2015 година за сума од 600.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…