Дома Фудбал Останато Се менува ВАР: Од февруари повеќе нема да биде ист!

Се менува ВАР: Од февруари повеќе нема да биде ист!

Во последните недели сведоци сме на комични и бизарни одлуки на ВАР технологијата кога во прашање се офсајд позициите.

Колку и ВАР да е добра за фудбалот на некој начин поради одредени правила ја уништува страста на фудбалот, посебно кога во прашање се милиметарските офсајди.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Низа контроверзни ситуации пред се во Премиер лигата ја натераа Меѓународната фудбалска асоцијација да го промени правилникот за офсајд.

Италијанската „Ла Република“ пренесува дека ВАР ќе се промени и нема да се судат милиметарски офсајди. Во иднина ќе се толерира офсајд позиција од 13 сантиметри и таквите акции ќе бидат сметани за регуларни.

„Во теорија милиметарски офсајд е офсајд, но ако првата одлука е да не се досуди и тогаш ВАР мора да користи 12 камери за да ја провери ситуацијата, тоа во суштина значи дека очигледна грешка нема“, објасни генералниот секретар на ИФАБ, Лукас Бруд.

Оваа одлука наскоро ќе започне да се применува во сите натпреварувања каде што се користи ВАР и судиите ќе добијат билтени со упатства кои објаснуваат како да ја користат технологијата кога во прашање се милиметарски офсајди. Се ќе биде брзо завршено и ќе започне да се применува од февруари, поточно од осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …