Дома Топ вести Данските медиуми тврдат: Ериксен се сели во Интер

Данските медиуми тврдат: Ериксен се сели во Интер

Иднината на Кристиан Ериксен е главна тема од отворањето во зимскиот преоден рок, а данските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека позната е следната дестинација на плејмејкерот.

Имено, ако им се верува на медиумуте од Данска, само прашање на време е кога Ериксен и официјално ќе стане нов играч на Интер.

„Нероаѕурите“ пред неколку дена доставија понуда од 10 милиони евра по сезона, која Ериксен ја прифатил, па сега започнале преговори со Тотенхем.

Со оглед на фактот дека договорот на Ериксен завршува на крајот на сезоната, „спарси“ за неговата слобода бараат само 20 милиони евра, сума која Интер е спремен да ја плати.

Доколку се реализира овој трансфер, Конте ќе добие големо засилување во битката за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…