Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер им соопштил на две ѕвезди од тимот дека слободно можат да си заминат во зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за Немања Матиќ и Маркос Рохо, кои не добиваат голема минутажа оваа сезона, пренесува „Мирор“.
Аргентинецот беше блиску до трансфер во Евертон уште во летото и не е во плановите на Солскјер. Неговите агенти веќе му бараат нов клуб, а за него интерес постои од неколку клуба од Премиер лигата.
Од друга страна Матиќ влезе во последната година од договорот и оваа сезона не добива голема минутажа во Манчестер Јунајтед. За него силен интерес постои од клубови во Италија и Шпанија.