Дома Фудбал Останато Ѕвездата на Ајакс префрлен во болница поради проблеми со срцето

Ѕвездата на Ајакс префрлен во болница поради проблеми со срцето

Дефанзивецот на холандскиот гигант Ајакс, Дејли Блинд, утрово бил префрлен во болница, каде му било дијагностицирано дека има воспаление на срцевиот мускул.

Блинд одреден период ќе мора да остане во болница, што значи дека ги пропушти подготовките на Ајакс за продолжение на сезоната и неизвесно е кога ќе се врати на тренинг.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


29-годишниот фудбалер, по објавата дека е во болница, се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите за пораките со поддршка и негова желба е да се врати што е можно побрзо на теренот.

Блинд е дете од школата на Ајакс. Во 2008 година дебитираше за гигантот од Амстердам, каде остана до 2014 година. Потоа направи трансфер во Манчестер Јунајтед, а после четири сезони се врати во Амстердам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Драма во соблекувалната на европскиот шампион: Дембеле дознал што направил Енрике, па предизвикал хаос

Осман Дембеле минатата сезона играше во животна форма и со Пари Сен Жермен освои речиси сè…