Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ги демантираше информациите дека сака да се раздели со Матео Дармијан и Дејли Блинд на крајот на сезоната.
„Специјалниот“ изјави дека двајцата фудбалери влегуваат во неговите планови за следната сезона, но и покрај тоа Мурињо призна дека може да дојде до продажба, ако самите играчи го побараат тоа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ако еден фудбалер сака да си замине, а одредена понуда пристигне во клубот, ние ќе ја разгледаме, бидејќи секогаш се трудиме играчите да бидат среќни. Ако тие бидат среќни со тоа што ќе заминат, ќе видиме што ќе се случи. Меѓутоа и двајцата се во моите планови и не сакам да ги продадам. Сакам да останат“, истакна Мурињо.
Мурињо потоа ја прокоментира ситуацијата и со Маруан Фелаини на кого му истекува договорот во јуни и истакна дека судбината сега е во негови раце.
Еве зошто обложувачите во Македонија ја обожаваат Coinbet24!