Германскиот тренер Јирген Клоп смета дека Фламенго ќе има поголем мотив во финалето на Светското клупско првенство.
Ливерпул и Фламенго утре играат за трофејот на Светското клупско првенство, но Клоп е свесен дека овој трофеј е повеќе посакуван во Јужна Америка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ситуацијата помеѓу Ливерпул и Фламенго е различна. Тие дојдоа со јасна цел да го освојат ова натпреварување и да се вратат како херои. Нас ни беше кажано – останете доам и играјте во Лига купот. Сепак, ние сме тука и сакаме да го освоиме ова натпреварување“, изјави Клоп.
Германецот е свесен што го очекува.
„Фламенго не е навикнат да губи натпревари, тоа е она што го знаеме. Знам што можеме и што очекуваме. Противникот ќе биде организиран и интезивен“, изјави Клоп.