Дома Трансфер зона Лампард го сака фудбалерот од кој во Реал имаа големи очекувања

Лампард го сака фудбалерот од кој во Реал имаа големи очекувања

Според информациите на „Ел Десмарк“ Френк Лампард покажал интерес за фудбалерот на Реал Мадрид Винисус Жуниор.

На Челзи неодамна му беше укината забраната за трансфери и „сините“ ќе може да купуваат уште овој јануари. Со тимот на Лампард се поврзуваа неколку имиеа, а најново е Винисус Жуниор.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ел Десмарк“ пишува дека Челзи во јануари ќе направи обид да го доведе младиот 19 годишен талентиран фудбалер.

Винисус во Реал не добива премногу голема минутажа кај Зидан, меѓутоа впечаток е дека Реал нема така лесно да се откаже од услугите на фудбалерите кој беше доведен со големи очекувања.

Позајмица можеби на „кралевите“ ќе им одговара, но не е познато дали во Челзи би биле заинтересирани да доведат играч за да му помогнат на Реал да собере искуство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…