Тотенхем вечерва ќе гостува кај Баерн во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Овој натпревар нема да има некое преголемо значење со оглед на тоа дека веќе го обзбедија пласманот во нокаут фазата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Спарсите не го паметат по добро првиот натпревар против баварскиот тим, бидејќи во Лондон беа поразени со дури 7:2.
Тогаш Тотенхем беше предводен од Маурисио Покетино, а Жозе Мурињо кој неодамна седна на клупата на овој тим им забранил на фудбалерите да гледаат снимки од тој натпревар.
„7:2? Им забранив на играчите да размислуваат и да гледаат снимки од тој натпревар. Го гледав со помошниците тој натпревар и правевме анализа се обидувавме да поминеме низ секој детал, но играчите не видоа ниту една слика од тој натпревар воопшто“.
„Ќе се фокусираме на нас. Ќе се обидеме да го развиеме нашиот модел со различни лица и различни тела, но постои одреден начин на кој се обидуваме да го развиеме и целосно сме фокусирани на самите нас, помалку на Баерн“, изјави Мурињо.
Jose Mourinho “forbids” Tottenham stars from watching Bayern Munich horror show | @johncrossmirror https://t.co/J35ASqLnYW pic.twitter.com/9BZ9laQVaj
— Mirror Football (@MirrorFootball) December 10, 2019